Фото: Pixabay
Владите на Италија и Швајцарија подеднакво ќе поделат 13,8 милиони евра запленети од мафијашката организација Camorra од јужноиталијанскиот регион Кампања.
Средствата на Camorra се запленети од банка во Лугано, чие име властите не дозволуваат да се објави.
Швајцарското министерство за правда во 2001 година доби барање од италијанскиот суд да помогне при истрагата за перење пари и да ги замрзне пронајдените суми.
Швајцарските власти потврдија дека двете нации се согласни подеднакво да ги поделат средствата запленети во нивните анти – мафија напори.
Италијанското министерство за правда го нарече овој договор за делење на конфискувани пари најважен договор до сега.
Швајцарија е атрактивен финансиски пазар за италијанските криминални организации, со калабриската ‘Ndrangheta во првите редови во последниве години.
Според федералната полиција, се чини дека оваа организација има најсилно присуство во земјата и својата сфера на влијание ја проширува понатаму на север. На ова швајцарските власти реагираат преку јакнење на соработката со италијанските колеги, преку размена на информации и анализа на криминалните трендови.