Еврокомесарот Јоханес Хан во средата на Конференцијата за Западен Балкан што се одржа во Приштина најави дека ЕУ ќе издвои една милијарда евра за подобрувањето на инфраструктурата во земјите од Западен Балкан. На Конференцијата присуствуваа министри за надворешни работи и транспорт од Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Проектите што треба да се реализираат до 2030 година, ќе бидат разгледани на состанокот на премиерите на шесте држави закажан за 21-ви април во Брисел. Веќе во 2015 година ќе бидат достапни 130 милиони евра од IPA II фондовите, како грант на инвестицијата.
Листата на приоритетни проекти за инфраструктурниот развој на Западен Балкан и подобрувањето на транспортот, официјално ќе биде претставена во август на Самитот во Виена.