Вкупно 232 одобренија за градење издадени во ноември 2012

21

construction1Државниот завод за статистика денес објави дека минатата година во ноември биле издадени 232 одобренија за градење, или за 3,3% помалку во однос на истиот месец 2011 година.

Земајќи ги во предвид издадените одобренија за градење, вредност на објектите се предвидува да изнесува 2.847.943.000 денари, што е за 4,4% помалку во однос на ноември 2011.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (7.8%) за нискоградба и 37 (15.9%) за реконструкција. Инвеститори на 172 објекти се физички лица, а на останатите 60 деловни субјекти. Предвидена изградба на 647 станови, со вкупна корисна површина од 51.958 метри квадратни.