Pierre Cardin – за сите љубители на стилски и деловен изглед

546
1
Ненад Атанасов, генерален менаџер на Нени Компани

“Мојот татко Миле Атанасов, основач и генерален директор на Нени Компани, го отвори првиот Pierre Cardin бутик. Понудата, иако со врвен квалитет, беше доста лимитирана, во тој период имавме само костуми, кошули и вратоврски. Но, со текот на времето, како што интересот и желбите на граѓаните за стилизирана квалитетна колекција расте, паралелно следи и зголемување на понудата на колекциите и целосната понуда на Pierre Cardin”, вели Ненад Атанасов, генерален менаџер на Нени Компани, навраќајќи се на почетоците на компанијата која слави 20 години постоење.

БИ: Успешната приказна на интернационалениот бренд Пјер Карден во Македонија трае две децении. Дали може да ни кажете како започна оваа приказна, нејзините почетоци и како таа се развиваше до денес?

Некои од нас сè уште се сеќаваат дека во поранешната држава, добро беше развиена текстилната индустрија на тогаш домашни, односно локални брендови. Интернационалните висококвалитенти модни брендови сè уште не беа присутни, малкумина и знаеја за нив. Со општествената трансформација, овие брендови почнаа да стануваат познати и за нас. Токму во тој момент на празнина, мојот татко Миле Атанасов, основач и генерален директор на Нени Компани, го отвори првиот Pierre Cardin бутик. Понудата, иако со врвен квалитет, беше доста лимитирана, во тој период имавме само костуми, кошули и вратоврски. Но, со текот на времето, како што интересот и желбите на граѓаните за стилизирана квалитетна колекција расте, паралелно следи и зголемување на понудата на колекциите и целосната понуда на Pierre Cardin. Денес достигнавме до понуда на еден комплетен изглед, не само за деловниот свет, туку и за луѓето кои повеќе го преферираат лежерниот изглед, а сè поголема е и понудата за помладата генерација.

БИ: По повод јубилејот од 20 години, какви поволности нудите на своите потрошувачи?

За сите љубители на убавиот стилски и деловен изглед, приврзаниците на висококвалитетна колекција и светскиот познат бренд – Pierre Cardin, одлучивме да направиме тридневен шопинг фестивал од 7 до 9 април, односно намалување од 20% на целата Pierre Cardin колекција.

БИ: Што значи брендот Пјер Карден кај нас, во споредба со светските метрополи?

Брендот Pierre Cardin е еден од најзвучните имиња на интернационалниот пазар ширум светот. Во овие 20 години колку што Pierre Cardin е присутен на македонскиот пазар, имиџот на брендот е позициониран на многу високо ниво, пред сè поради нашата определба секогаш да ги презентираме најквалитетните колекции.

2

БИ: Брендот Пјер Карден е концентриран на машката мода. Кој е предизвикот да се работи во светот на мода за посилниот пол во Македонија?

Модата за посилниот пол или подобро кажано начинот на облекување и личниот стил има еден важен аспект, којшто може да биде голема предност или голема пречка. Мажите се најлојални клиенти, може да пројде многу време додека да го пронајдат својот личен идентитет и изглед кој што го отсликува нивниот карактер. Но, кога ќе се пронајдат во некој стил, тие не менуваат и остануваат верни. Тоа за нас претставува голема предност, бидејќи со постојаниот висок квалитет на понудата во изминативе 20 години, како и со извонредната услуга која секој од нив ја добива, успеваме не само да го задржиме, туку и постојано да го зголемуваме бројот на нашите лојални клиенти.

БИ: Покрај споменатиот бренд, кои други интернационални марки се застапени во вашите продажни салони?

Нени Компани во своите бутици нуди облека и од другите светски брендови, како што се Armani Jeans, LAGERFELD, JOOP!, EA7-Emporio Armani, Eterna, Seidensticker, а од оваа пролет/лето сезона нашето портфолио ќе го збогатиме со двата бренда кои што сега се хит меѓу помладата популација, McNeal и Antony Morato.

БИ: Кои се вашите стратешки планови за во иднина?

Презентирање на нови атрактивни брендови, задоволување на барањата и потребите на македонските граѓани со имиња и колекции од светската мода, проширување на нашето портфолио. А еден ден, кога ќе се создадат подобри економски услови во земјава, тоа за нас ќе биде можност и за проширување преку отворање на нови салони.