На новите пет евра текст и на кирилица

41

evra

Фото: Pixabay

На банкнотата од пет евра, која во еврозоната ќе биде пуштена во мај, ќе биде печатен текст и на кирилица, соопшти Бугарската народна банка (БНБ).

Во соопштението на БНБ стои дека со овој историски чин, кирилицата влегува во употреба во еврозоната и се проширува влијанието на еврото како глобална валута.

Дизајнот на новите пет евра ги претстави претседателот на Европската централна банка Марио Драги.