Пониски продажните цени на индустриските производи на домашен пазар

11

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,3% на месечно, односно 4,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2015, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 0,6% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во март 2015, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,3% и Капитални производи за 0,5%, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.