Од Бирото за вработување во Прилеп информираат дека во периодот од пет години на спроведувањето на владините програми за поттикнување на вработувањето, во Прилеп со можностите за самовработување преку кредитирање, се вработиле 500 луѓе.
“Владините програми се ефикасни. Отворени се работни места за 500 прилепчани откако од 2007 година се спроведуваат проектите. Тоа значи дека се активирани 384 семејни бизниси”, вели Силвана Пашоска раководителка на Бирото.
Таа потенцира дека успешноста на опстојувањето на семејните бизниси е голема во Прилеп и изнесува дури 85%. Последниве две години најмногу се кредитира отворањето фирми и тоа во производствената и непроизводствена дејност.
Податоците на Бирото покажуваат дека за пет години се намалил бројот на невработени луѓе во Прилеп. Ако во 2007 бројката била 24.800 сега во Прилеп се евидентирани 17.100 невработени лица. Од Агенцијата очекуваат голем интерес и со новите конкурси за владините проекти за самовработување со кредитирање.