Собранието на акционери на Сковин донесе одлука за распоредување на добивката по Годишната сметка за деловната 2014 година, објавена на Македонска берза.
Според истата, добивката по оданочување во износ од 200.201 денари останува нераспределена.
Сковин на крајот на 2014 година евидентираше вкупна добивка во износ од 200.201 денари, додека една година претходно таа беше на ниво од 307.000 денари.