Сковин со загуба од над 46 милиони денари во првото тримесечје

36

skovin

Винарницата Сковин прокнижи загуба во вредност од 46.432.000 денари за период од 01.01. до 31.03.2015 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, компанијата евидентираше загуба од 34.119.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се во висина од 42.846.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 11.917.000 денари, додека поголемиот дел од 30.929.000 денари е остварен на странски пазари. Во текот на првото тримесечје од минатата година, Сковин оствари вкупни приходи од продажба во висина од 108.827.000 денари.