Фершпед со добивка од 6,8 милиони денари во првото тримесечје

45

Fersped-logo

Компанијата Фершпед прикажа добивка од 6.845.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, Фершпед работеше со добивка во висина од 18.480.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се 703.701.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 638.297.000 денари, додека остатокот од 65.404.000 денари се реализирани на странски пазари.