Повисоки цени на индустриските производи во мај

11

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во мај оваа година, се повисоки за 0,2% на месечно, а пониски за 4,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2015, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%, како и во
групите Интермедијарни производи, освен енергија и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.

Во мај 2015, во споредба со мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,8%, Капитални производи за 4,3% и Интермедијарни
производи, освен енергија за 0,9%.