BMW нуди апликација што ја прикажува состојбата на семафорите

20

bmw en lighten

Германската автомобилска групација BMW ја претстави новата апликација EnLighten, што ќе биде вградена во нивните автомобли. Возачите на BMW кои во исто време се корисници на мобилни уреди со iOS оперативен систем ќе бидат во можност да ја следат состојбата на семафорите.

EnLighten е поврзан со постоечкиот сисем на градски семафори, како и со нивниот распоред на менување на зелените и црвените светла. Користејќи го GPS сигналот на телефонот, апликацијата може да предвиди каква ќе биде ситуацијата на следниот семафор, а исто така ќе може да пружи и информација за тоа колку често еден семафор ги менува светлата.

Овие информации во голема мера може да им помогнат на возачите да ја прилагодат брзината кон условите во сообраќајот, но и според светлата на семафорот.