Компанијата за енергетика NRG направи интересен експеримент за да види дали може да се промени начинот на кој размислуваат луѓето, кога се во прашање ресурсите.
“Користевме сокриени камери за да направиме трик со којшто ќе увидиме дали двата мали збора над полначот може да го променат начинот на кој размислуваа луѓето за нив“, стои на страницата на NRG.
Погледнете како луѓето реагираа штом го поставија својот мобилен телефон на полнач, којшто се напојува од енергијата на ветрот, сонцето или фосилните горива.