Фото: Pixabay
Пратениците во Европскиот парламент побараа ЕУ да воведе задолжително означување на производите увезени од трети земји со ознаката “made in”.
Само задолжителната ознака “made in” им овозможува на потрошувачите информиран избор, објаснуваат европратениците, истакнувајќи дека таквите ознаки се задолжителни во земји како што се Бразил, Кина или САД.
“На глобалниот пазар не можеме да имаме двојни стандарди. Мораме да обезбедиме правилата да бидат праведни за нашите граѓани, потрошувачи и произведувачи”.
Европратениците предупредија дека на мултинационалните компании во некои држави членки им одговара некористењето на ознаки за потеклото за да го прикријат загадувањето на околината.
Пратениците од Европарламентот се спротивставија на планот на Европската комисија едноставно да го повлече предлог законот за ознаката “made in”, која парламентот силно ја поддржа во 2010 година и бараат или ЕК да го промени своето мислење или да изнесе алтернатива. По седум години работа на правилата за ознаката, Комисијата заклучи дека тој закон е на пат кон неуспех и дека е јасно дека нема да добие мнозинство во Советот.