Апликацијата Companion за ајфон и андроид телефони, што ја осмислија пет студенти oд Универзитетот Мичиген, им овозможува на корисниците безбедно ноќе да се враќаат дома. Oваа апликација им овозможува на корисниците да се поврзат со пријатели или членови на семејството и тие да го следат нивното движење и локација во секој момент, како и да реагираат доколку се најдат во опасност. Пријателите и членовите на семејството можат, но не мораат да ја имаат инсталирано апликацијата.
Корисникот може да прати неколку барања до пријатели или до семејството. Контактираните лица ќе добијат СМС со хиперлинк што отвора интерактивна мапа на која можат да го видат движењето на оној што ги замолил да го следат до дома.
Доколку корисникот ја смени насоката на движење, падне, почне да трча, апликацијата ќе ги препознае овие промени во движењето и ќе побара потврда дали сè е во ред. Доколку корисникот не притисне ОК на телефонот во рок од 15 секунди, мобилниот се претвора во аларм и пушта гласен звук со кој би требало да ги преплаши насилниците. Оваа апликација нуди и опција на автоматско повикување на полиција.
Апликацијата е бесплатна.