Модната индустрија H&M со својата нова стратегија за користење на водите, ќе го намали влијанието на водата во текот на своето производство и така ќе создаде позитивна промена на клучните речни сливови каде што се произведува облеката. Оваа стратегија во следните три години ќе ја спроведуваат во соработка со светската невладина организација за заштита на природата, WWF.
“Водата е клучен ресурс за H&M и одговорни сме да обезбедиме водата да се користи одговорно. Одлучивме ова да го направиме за да го намалиме ризикот во работењето, да придонесеме за заштита на околината и да обезбедиме достапност до вода на сегашните и идни генерации. Горди сме на партнерството со WWF и се надеваме дека ќе ги инспирираме и останатите компании на ваков вид соработка”, изјави Карл Јохан Персон, директор на H&M.
Минатата година WWF и H&M спроведоа сеопфатна проценка на напорите и предизвиците на H&M поврзани со користењето на водните ресурси. Тука е вклучено и производството на влакна, како и процесот на боење и перење на ткаенини. Според WWF, ниту една компанија до сега нема таква сеопфатна стратегија за користење на водите, стои во соопштението.
WWF и H&M ќе работат во соработка со политичари, невладини организации, институции и други компании за да го поддржат подоброто управување со одделни речни сливови во Кина и Бангладеш, кои се клучни производни јазли на компанијата.