Веге Пикник в недела во Градски парк

67

VegePiknik Plakat

На Градската плажа Парк, в недела од 12 до 18 часот, ќе се одржи Веге Пикник – првиот пикник на веганска храна во Македонија, каде што ќе бидат организирани три натпревари.

Веган Cook-Off е натпревар во готвење највеган рецепт. Готвачите се натпреваруваат во приготвување на еден ист рецепт и жири од невегани ќе избере прво, второ и трето место. Спонзор на натпреварот е Биокулт.

Веган предизвикот е натпревар меѓу поединци кои не се вегани, а кои во текот на една недела ќе се хранат исклучиво вегански. За најиздржливите ќе бидат доделени прво, второ и трето место. Спонзор на натпреварот е Биокосмос.

Највеган фото е натпревар во најдобра фотографија од едно или повеќе од најзлоупотребуваните животни на светот – фармските животни. Жири од активисти на организацијата и фотографи ќе додели прво, второ и трето место. Спонзор на натпреварот е Lush Macedonia.

Пријавувањето за натпреварите трае до 26 септември (сабота), а  повеќе информации за сите нив заедно ќе најдете на следнава врска.

Специјален гостин на ВегеПикникот е исклучително креативен веган chef од Словенија, Камала, која на едночасовната работилница Think.Cook.Eat со нас ќе ги сподели малите тајни на големите вегански специјалитети.

“Иако имаме многу содржини за возрасните, не ги забораваме ниту најмладите, оние на кои овогодинешниот настан е посветен и оние на кои останува светот. Па така, во рамки на ВегеПикникот ќе има Детско катче со многу забава за нашите најмили кое е поддржано од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Не пропуштајте да бидете дел од овој голем настан. Дојдете заедно да ги поставиме темелите на еден похуман свет исполнет со многу љубов и со многу радост за сите, свет во кој не се дискриминира, свет во кој правото на живот е навистина неприкосновено и еднакво за сите“, стои во соопштението.