Започнува Вино Скоп 2015

42

Манифестацијата Вино Скоп 2015 започнува денеска во 17 часот на паркингот кај Аква Паркот позади салата Борис Трајковски, а ќе трае до недела.

Над 20 вински брендови ќе ги претстават своите производи, а сите посетители може да уживаат во вкусно мезе и деликатеси, вински коктели и вегански корнер придружени со добра музика.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат шлагери, рок, ирска музика, филхармонија со преработки на светски хитови, реге, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба, труби…

За музичкиот дел се задолжени Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле, Eye Cue, Chill Play, Brass Brothers, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус, Самбанса, Коверленд, Калевала, Влатко Илиевски, Филип Џез Квартет, Кроз Роуд Блуз Бенд, Дј Славе, Дј Тина, Кепурдат, Rover’s Hangover, The Hounds, Караваниа, Дејан Цукиќ,…

Покровител на Вино Скоп 2015 е Град Скопје.