Енергетска математика – серијал емисии во рамки на Платформата за енергетска ефикасност

42

Енергетска математика е новата активност на ЕВН и Агенцијата за енергетика која се спроведува во рамките на Платформата за енергетска ефикасност. Преку серијал на емисии, кој беше промовиран, граѓаните ќе можат да се запознаат со начинот на кој ќе можат да ги применат принципите на енергетска ефикасност во својот дом, како и начинот на кој работат енергетските контролори на терен, пишува Миа.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер истакна дека енергетската ефикасност овие денови е многу експлоатирана тема, но за неа не се зборува многу во однос на нејзината практична примена. Новата серија Енергетска математика ќе даде одговор на повеќе прашања, како на пример што точно значи еден киловат час.

Со соработката со ЕВН и Агенцијата за енергетика се дава можност преку практични совети кои што ќе бидат корисни за граѓаните и компаниите да се направи поголема промоција на мерките за енергетска ефикасност, како и заштеда на електрична енергија.

Овој серијал на енергетска математика, како што се наведува, ќе даде одговори на прашањето за секој граѓанин на неговите дилеми што ги има во секојдневниот живот во однос на корисни совети за зголемување на енергетската ефикасност во домот.