Добивка од 12,3 милиони денари за Макпромет од Штип за девет месеци

48

makpromet

Компанијата Макпромет од Штип прикажа вкупна сеопфатна добивка од 12.317.000 денари во период од 01.01. до 30.09. оваа година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 800.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се на ниво од 13.659.000 денари, додека во првите девет месеци од 2014 година тие беа 8.319.000 денари.

Од вкупните приходи од продажба, на домашен пазар се реализирани 12.738.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 921.000 денари.