Компанијата Аутомакедонија во првите девет месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 8.537.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 3.729.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во период од први јануари до 30-ти септември оваа година беа на ниво од 240.397.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 268.520.000 денари.