Македоника (www.makedonika.mk) ја лансираше новата апликација наменета за читање е – книги на сите Android уреди, пишува Миа.
Од Фондацијата Македоника информираат дека станува збор за комплетно нова апликација што се развивала 11 месеци со цел да биде една од најдобрите во светот. Новата верзија е многу побрза, постабилна, поинтуитивна, со поквалитетен приказ на книгите и работи на сите таблети и смартфони со android оперативен систем. Во соработка со Google, била тестирана на повеќе од 9.000 различни уреди.
Со новата апликација можат да се читаат и сликовници, со што Македоника е единствен е – читач од таков вид во светот.
Базата на Македоника ја сочинуваат 36.000 регистрирани читатели на книги и преку 600 објавени бесплатни е – книги од сите жанрови и категории.