Volkswagen Traton го презема американски Navistar за 3,7 милијарди долари

42

Volkswagen Traton го презема американскиот производител на камиони Navistar International Corp за 3,7 милијарди долари.

Финализирањето на зделката се случува откако Traton се согласи на 16 октомври да ја зголеми понудата за Navistar од 43 на 44,50  долари по акција.

Traton, веќе има удел од 16,8 % во Navistar. Traton во септември излезе со  предлог од 43 долари, за што раководството на Navistar  не се изјасни позитивно, за на крај тие самите да побараат 44,50 долари, што Германците веднаш прифатија да ги платат.

Volkswagen група ќе даде на Traton заем од 3,3  милијарди евра кој ќе биде отплатен во наредните 12 до 18 месеци.

Фото: Pixabay