Adidas ја “оживеа“ Југопластика – произведе лимитирана серија патики

1403

Германскиот гигант за спортска опрема Аdidas направи специјални патики во чест на култната Југопластика, еден од најдобрите тимови во историјата на европската кошарка, која освои три европски титули на крајот на 80-те и почетокот на 90-те години.

Adidas произведе 150 пара специјално дизајнирани TopTen модели со посвета на Југопластика во боите од некогашниот успешен кошаркарски клуб. Патиките ќе одат во комплет со жолта торбичка и шишенце за вода.

Цената на патиките засега не е позната, а патиките нема да бидат во слободна продажба, туку ќе се продаваат на онлајн аукција.

Југопластика, во времето на Југославија, беше фабрика која за потребите на Adidas годишно произведуваше 4,5 милиони торби. Истоимениот кошаркарски клуб од Сплит во тоа време беше дел од врвот и кремот на европската кошарка.

Фото: Facebook