Adidas разгледува стратешки опции за Reebok

87

Германскиот производител на спортска опрема, Adidas објави дека почнува со проценка на стратешки опции за американскиот бренд Reebok.

“Тие стратешки опции вклучуваат потенцијална продажба на Reebok, како и тоа Reebok да остане дел од компанијата“, велат од Adidas, додавајќи дека одлуката ќе биде донесена на 10-ти март.

Adidas и претходно најави продажба на американскиот спортски бренд, а меѓу заинтересираните се две компании од САД и Кина.

Германската компанија го купи Reebok, чие седиште е во Бостон, за 3,8 милијарди долари во 2005-та година, со цел на домашен терен да го “нападне“ Nike, којшто му е најголем конкурент.

Но, минатата година Adidas ја отпиша сметководствената вредност на Reebok за скоро половина во однос на 2018-та година, на 842 милиони евра. Продажбата на Reebok е намалена за 44% во вториот квартал од оваа година, на 228 милиони евра.

Фото: Pexels