Адинг во плус од 15,3 милиони денари во 2015 година

20

ading

Акционерското друштво Адинг, во период од 01.01. до 31.12.2015 година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 15.313.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година за компанијата заврши со добивка од 7.647.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година достигнаа 342.066.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 225.126.000 денари. На странски пазари се реализирани 116.940.000 денари.

Адинг е компанија за производство и пласман на хемиски материјали за градежништво.