Адора инженеринг и Фондација Чифлиганец градат нов дом на место на опожарена куќа во радовишко

23

podignuvanje-nov-dom-za-trajkovi

Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец градат нов дом за семејството Трајкови во радовишко Дедино, кое наскоро ќе добие нова куќа на место на старата, што целосно изгоре во пожар кон крајот на минатата година, стои во соопштението.

Подигнувањето на нова скромна куќа и обновувањето на изгубениот дом за Ивана и Јован Трајкови, го реализира Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, по посетата на Дедино во декември минатата година, кога голем пожар им го уништи и претвори во пепел домот каде возрасните сопружници го минале целиот животен век.

На средба со Трајкови, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг, поттикнат од човечката хуманост и солидарност за помош во тешки моменти, на несреќниот брачен пар му вети дека повторно ќе им обезбеди нов дом со пристојни услови за нормален семеен живот.