Adria Airways ги продава и профилите на социјалните мрежи

63

Официјалните профили на социјалните мрежи Facebook, Twitter и LinkedIn, на словенечката авиокомпанија, Adria Airways, одат на продажба, пишува ExYu Aviation.

Ова е дел од стечајната постапка што се води за оваа авиокомпанија. Заинтересираните купувачи имаат рок од 22-ри јуни да достават финансиска понуда за пакетот социјални мрежи, по што стечајниот управник ќе одлучи како ќе тече продажбата.

Официјалната Facebook страница на Adria Airways има 186.000 следбеници, на Twitter над 3.800, додека над 6.470 налози ја следат компанијата преку LinkedIn.

Целокупниот имот на Adria Airways оди на продажба за да може да се исплатат одобрените побарувања во висина од 87,7 милиони евра.

Фото: Facebook