Аеродром се подготвува за најголемата медицинска логистика во 21 век

49

Во ладилниците на аеродромот Schiphol, во Амстердам, работници од компанијата KLM се подготвуваат да примат вакцини против коронавирус, кои мора да се чуваат на многу ниски температури и на тој начин да се дистрибуираат низ целиот свет.

Преку тој аеродром, вакцините против Ковид-19 веќе се дистрибуирани за време на клиничките испитувања, а од управата на аеродромот велат дека се подготвени за транспорт на вакцините.

“Ние сме подготвени, сега е најважно вакцините да се дистрибуираат со најбрз ритам“, изјави извршниот директор KLM, Питер Елберс, пренесува Ројтерс.

Вакцината која ја направи компанијата Pfizer мора да се чува на температура од минус 70 степени, додека вакцините на компанијата Moderna на температура од минус 20 степени.

Фото:Pixabay