Аеродромот Истанбул има најмногу летови во Европа

58

Аеродромот Истанбул меѓу 28-ми ноември и четврти декември оваа година имал најмногу летови во Европа, според податоците на Европската организација за безбедност на авиосообраќајот (Eurocontrol).

На аеродромот Истанбул, според податоците, на први декември се реализирани 423 летови, на втори 498, ден подоцна 483 и на четврти декември 570 летови. И на крајот на ноември, овој аеродром регистрираше најголем број летови од сите аеродроми на Стариот континент.

Аеродромот Истанбул зад себе ги остави водечките европски аеродроми во Амстердам, Франкфурт, Лондон и Париз.

Инаку, овој турски аеродром во август годинава стана прв аеродром во светот што доби меѓународен сертификат за здравствена акредитација.

Аеродромот Истанбул свечено беше отворен и со првата фаза од работата почна во октомври 2018-та година, а спаѓа во другата на најголеми и најбитни аеродроми во светот.

Фото: Facebook