Aeroflot прави сепаре за патници кои одбиваат да носат маски

77

Руската авиокомпанија Aeroflot соопшти дека во своите авиони ќе дизајнира посебна зона за патници кои одбиваат да стават заштитна маска на лице.

“Одредени седишта се наменети за патници кои ќе се изјаснат дека одбиваат да носат заштитна маска за лице, откако ќе се затворат вратите на авионот“, рече портпаролката на компанијата, Јулија Спивакова.

Додаде дека тоа е општа пракса ширум светот и неопходна мерка, пренесува Ројтерс.

Во Русија од почеток на пандемијата заразени се 2,7 милиони луѓе, а починале 48.000 лица.

Фото: Facebook