Агентите за недвижнини користат дронови за продажба на лускузни куќи

5

Some real estate agents are starting to use pictures and video taken by drone to market their listings. Robert McArtor is one.

Новите технологии ги прават нештата подостапни од било кога. Моќните и богати луѓе секогаш сакаат она што ќе го купат да го имаат на дофат на раката за да бидат сигурни дека за тоа што ќе платат ќе ја добијат вистинската вредност.

Агенциите за недвижнини пронајдоа соодветен начин како да им ги доближат луксузните куќи и имоти на своите клиенти без разлика на местото каде се наоѓаат, јавува CNN.

Потенцијалните купувачи преку својот компјутер или мобилен телефон можат да ја видат околината, изгледот и внатрешноста на имотот за кој се заинтересирани и тоа преку снимка направена со дронови.

Агентите за недвижнини на овој начин се обидуваат да им го прокажат имотот од сите агли и перспективи. Преку снимените материјали тие можат ја видат околината на имотот, близината на одредени објекти, како што се градинки, училишта, супермаркети и слично.