Агрокор доби кредит од 200 милиони евра од група банки

21

agrokor

Концернот Агрокор склучи договор со група банки за кредит во вредност од 200 милиони евра, со рок на враќање од 18 месеци, а неколку компании од концернот се гаранција за тој кредит, пишува порталот Лидер.

Договорот за кредит е склучен на 16-ти октомври, а Агрокор го потпиша со J.P. Morgan Securities PLC, Goldman Sachs International bank, Credit Suisse AG, London Branch и BNP Paribas Fortis SA NV.

Вкупниот износ на главнината на кредитот е 200 милиони евра, а кредитот е одобрен со краен рок на враќање од 18 месеци од денот на склучување на договорот.

Гаранцијата за овој кредит ја презедоа PIK Vinkovci и Jamnica, коишто се компании во рамки на Агрокор.