Air Serbia воведува дополнителни летови за Црна Гора

38

Српската национална авиокомпанија, Air Serbia воведе дополнителни летови и ги зголеми капацитетите за превоз на патници меѓу Србија и Црна Гора, откако црногорските власти ја згаснаа Montenegro Airlines.

“Air Serbia во најкраток рок ги зголеми капацитетите за патување меѓу двете земји, со воведување на дополнителни летови и зголемување на капацитетите преку промена на типот на авиони“, се наведува во соопштението.

Се додава и дека сите патници би можеле да добијат превоз за претстојниот празничен период, па Air Serbia за наредните денови воведува четири нови дополнителни летови, додека на седум постоечки летови е променет типот на авионот, па се воведени млазни со двојно повеќе седишта

Air Serbia, како што пренесува Seebiz, и на аеродромите во Подгорица и во Тиват, како и на аеродромот во Белград се ангажирани дополнителни ресурси за да се опслужат сите патници.

Фото: Facebook