Airbnb планира да собере три милијарди долари

28

Американската компанија за споделување сместување, Airbnb планира да собере три милијарди долари за време на иницијалната јавна понуда (Initial public offer – IPO), објави Ројтерс повикувајќи се на свои извори.

Според овие извори, пазарната вредност на Airbnb како резултат на IPO може да достигне 30 милијарди долари. Од друга страна, The Wall Street Journal тврди дека вредноста на Airbnb во 2017 година била проценета на 31 милијарда долари, но била намалена на 18 милијарди долари поради штетата којашто ја предизвика пандемијата со коронавирусот.

Јавната понуда на акции е планирана за декември, но соговорниците на Ројтерс сметаат дека разни фактори може да влијаат на датумите, вклучително и претседателските избори во САД закажани на трети ноември.

Фото: Pixabay