Европскиот производител на авиони, Airbus го претстави моделот за којшто верува дека може да биде дизајн на иднината на патничките летала.
Моделот Maveric беше претставен на Сингапурскиот саем на авијација 2020 година.
Новиот дизајн се обидува да се спротивстави на долгата традиција каде трупот е во форма на цевка.
Моделот покажува како би изгледал дизајнот на едно големо крило, концепт којшто се користи кај воените авиони.
Maveric е во почетна фаза на развој. Airbus го започна проектот во 2017 година и започна со тестирање на мал модел со далечинско управување во 2019 година.
Иако изгледа како да е од научно – фантастичен филм, авионите со дизајн како на Maveric можат да станат реалност.
Со оглед на тоа дека авионите ќе бидат многу пошироки, внатрешноста на авионите ќе биде поинаку организирана, бидејќи ќе има повеќе простор.
Фото: YouTube/Printscreen