Акциите на Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди

48

Вредноста на акциите на американските технолошки компании Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди.

Акциите на Amazon пораснаа за 2% откако технолошкиот гигант повторно ги отвори своите магацини во Франција, со што ја заврши сесијата достигнувајќи ја вредноста од 2.497,6 долари, што значи дека вкупната пазарна капитализација на оваа компанија надмина 1.245 милијарди долари.

Слична е ситуацијата и со Facebook, чии акции скокнаа по објавувањето дека ја купуваат платформата за споделување анимации Giphy и најавата дека ќе започнат да се занимаваат со е-трговија.

Вредноста на акциите скокнаа претходниот ден за над 6%, на 230 долари за акција, со што пазарната капитализација на најголемата група на социјални мрежи достигна 655,2 милијарди долари.

Фото:Pixabay