Акциите на Жито Скопје исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берза

37

Акциите на Жито Скопје АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Македонска берза, почнувајќи од трети овој месец.

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 28.05.2015 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Жито Скопје АД Скопје, заради отворена стечајна постапка врз друштвото.