Ако Fiat си замине од Србија, фабриката оди на продажба

78

Менаџментот на компанијата Stellantis, во рамки на која од почетокот на годината се и фабриките на Fia Chrysler, за неколку месеци ќе одлучи дали и кога фабриката во Крагуевац ќе го почне производството на новиот модел на автомобил, дознава српски Данас.

Доколку Stellantis одлучи да си замине од Србија, тогаш тамошната влада има друг план со фабриката. Тоа ќе значи дека српската влада ќе го откупи уделот на Fiat во заедничката компанија и потоа целата фабрика ќе ја продаде на друг производител на автомобили.

Во фабриката на Fiat во Крагуевац досега се инвестирани 1,5 милијарди долари.

Таа фабрика би можела да биде понудена на некоја кинески или јапонски производител на автомобили, но засега нема конкретни информации.

Фото: Pexels