Ако вакцината за Ковид-19 биде пуштена во јануари, видливи резултати на лето

49

Европската агенција за лекови (ЕМА) предвидува дека ќе даде одобрение за првата вакцина против коронавирус до крајот на годината, со очекуван почеток на дистрибуција од јануари, рече Гвидо Раси, директор на агенцијата.

“Доколку податоците се солидни, би можеле да дадеме зелено светло за првата вакцина до крајот на годината и да започнат со дистрибуција во јануари“, рече Раси.

Оваа институција е надлежна за одобрување и контрола на лековите во ЕУ.

Конечно зелено светло, кое го дава Европската комисија, ќе им овозможи на лабораториите да започнат со продажба на нивниот лек низ цела ЕУ.

Ако вакцината биде пуштена на пазарот во јануари, нејзините први ефекти врз ширењето на вирусот “ќе бидат видливи за пет, шест месеци, во суштина следното лето“, рече тој.

“Очигледно е дека нема да биде можно да се вакцинира целиот свет, но ќе започнеме со најекспонираните категории, како што се старите лица и здравствените работници, кои ќе започнат да ги блокираат ‘мостовите’ за пренос“, додаде тој.

Тој процени дека повеќе од половина од европската популација треба да се вакцинира со цел да се намали пандемијата, за што се потребни “најмалку 500 милиони дози во Европа“.

За секој да се вакцинира треба најмалку една година и “ако сè се одвива добро до крајот на 2021 година, ќе имаме доволна имунизација“, рече Раси.

Фото: Pixabay