Alibaba инвестира 300 милиони долари во онлајн продавница за луксузни производи

59

Кинескиот гигант за онлајн продажба, Alibaba планира да инвестира околу 300 милиони долари во Farfetch, интернет продавница за луксузни модни производни, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, акциите на Farfetch пораснаа за околу 16% на 32,59 долари по оваа информација.

Двете компании, исто така, преговараат и за создавање на заедничка инвестиција во Кина. Сопственикот на Cartier, Richemont, соработува со Alibaba, за изработка на мобилна апликација, исто така, размислува за инвестиции во Farfetch заедно со кинескиот гигант за онлајн продажба.

Farfetch полага надеж во кинескиот пазар, бидејќи таму се очекува најголем раст на побарувачката за луксузни производи.

Фото: Facebook