Alibaba ќе одобрува кредити преку интернет

20

alibaba

Кинескиот гигант за продажба преку интернет – Alibaba се здружи со седум банки за да започне online услуга за кредитирање на мали и средни претпријатија кои се занимаваат со трговија, пренесува кинескиот портал cri.cn на хрватски јазик.

Банките кои се дел од ова партнерство, вклучувајќи ги Bank of China, China Merchants Bank и China Construction bank, на крајот ќе одлучат дали и која компанија ќе добие кредит на основа на податоците од работењето на компанијата, кои Аlibaba ќе им ги обезбеди.

Доколку компанијата за шест месеци склучи три трговски договори со обем од над 100.000 долари може да се пријави за кредит до 10 милиони јуани или 1,6 милиони долари. Големината на кредитот ќе биде одредена во согласност со нивното работење.

Аналитичарите веруваат дека овие проекти за кои се залага интернет компанијата ќе донесат промени во процесот на финансирање, а од Alibaba истакнуваат дека во овој случај нивната каматна стапка е поставена на 12% годишно.