Алкалоид АД ги доби сите интегрирани еколошки дозволи – А

52

print_en_EN Компанијата Алкалоид АД – Скопје ги доби сите интегрирани еколошки дозволи – А за усогласување со оперативниот план. Новодобиените А-дозволи за усогласување со оперативниот план се однесуваат на Алкалоид АД – ПЦ Програма Хемија и за Алкалоид АД – ПЦ Фармација, двете со локација во општина Ѓорче Петров.
“По добиената А-дозвола во 2012 година за усогласување со оперативниот план на Алкалоид АД – ПЦ Фармација за локалитетот Автокоманда, компанијата деновиве ги доби и останатите две дозволи за инсталациите, за кои согласно со Законот за животна средина беше потребно да се изработи апликација со оперативен план и да се достави до Министерството за животна средина и просторно планирање”, информира Алкалоид АД – Скопје.
Поради усогласување со законската регулатива во државата и со законодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Алкалоид уште во 2007 година ги почна подготовките за добивање интегрирана еколошка дозвола. Досега за оваа цел се вложени над половина милион евра.