Алкалоид добитник на две награди на годишната конференција на Македонска берза

72

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид, во рамки на годишната конференција на Македонска берза, доби две награди.

Компанијата ја доби наградата Кристално ѕвоно за постигнато второ место за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза за 2015 година и награда за постигнато второ место за котирано друштво со најголем остварен промет во изминатите 20 години од постоењето на Македонската берза.

“Овие награди претставуваат уште едно признание за нивото на корпоративно управување, транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто“, стои во соопштението објавено на Македонска берза.