Amazon достигна вредност од илјада милијарди долари

28

Компанијата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, достигна вредност од илјада милијарди долари на берзата. Со ова Amazon се приклучи на Microsoft којашто моментално вреди 1,06 илјади милијарди долари.

Гигантот за онлајн продажба ја надмина оваа цифра, за прв пат по речиси една година, пишува Fox Business.

Акциите на Amazon скокнаа за 35% токму пред претстојниот Prime Day, којшто е еден од најочекуваните шопинг настани секоја година.

Вредноста на компанијата на берзата има растечки тренд осум последователни трговски сесии, што е најдолг период од јули 2018 година. Досега, годинава, акциите на Amazon се зголемени за 30%.

Microsoft е моментално највредна компанија во светот, додека Apple се наоѓа на третото место со вредност од 936 милијарди долари.

Фото: Pixabay