Amazon им помага на вработените што ќе дадат отказ за да основаат сопствен бизнис

25

Најголемиот ланец за онлајн трговија, Amazon ќе им помага на своите вработени, кои сакаат да дадат отказ од компанијата, да започнат свој бизнис за испорака.

Инцијативата, којашто е дел од програмата Delivery Service Partner, ќе им даде на работниците 10.000 долари и сума еднаква на последните три бруто плати.

Програмата е отворена за сите вклучувајќи ги и магацинските работници, а испораките ќе бидат еден вид на партнерска помош за продажниот гигант. Ако некој вработен сака да се пријави мора да ја напушти моменталната позиција во Amazon, којшто освен финансиска ќе обезбеди и помош во форма на тренинзи и обука, како и дозвола за користење на технологијата за испорака.

Иако овој “старт – ап“ проект доаѓа со големи трошоци, крајната цела на компанијата е да се забрза процесот на испорака, односно да се намали Prime превозот од два дена на еден.

Фото: Facebook