Amazon обвинет за испорака на храна со поминат рок

33

Најголемиот онлајн продажен ланец Amazon, сè повеќе добива жалби за испорака на расипана храна, пишува CNBC. Од бебешка храна и кафе, па сè до чоколади и месо, компанијата се случува да испорача производ што му поминал рокот и пред неколку месеци.

Ова според експертите се случува поради пропусти во технологијата на Amazon и системот за логистика.

Компанијата, која што вреди 900 милијарди долари, најмногу пари генерира токму од продавачите на храна. Дури 2,5 милиони бизниси ја користат веб страната за дистрибуција, на коишто отпаѓа 58% од вкупната продадена стока од Amazon.

Најмалку 40% од продавачите имале повеќе од пет жалби за расипана храна.

Од компанијата велат дека за да го надминат овој проблем користат комбинација од мислења на клиенти и технологија со вештачка интелигенција, коишто им помагаат да откријат евентуални прекршоци.

Фото: Facebook