Amazon отвора нови 100.000 работни места

65

Најголемата онлајн продавница во светот, Amazon објави дека во САД и Канада отвора 100.000 дополнителни работни места. Како причина за ваквата одлука се наведува големиот раст на продажбата преку интернет, пишува Ројтерс.

Ова е четврти циклус на вработување во Amazon за оваа година, а работниците ќе бидат распоредени во 100 нови складишта и оперативни единици со полно и скратено работно време.

На крајот на јуни, во Amazon беа вработени 876.800 лица, не сметајќи ги оние кои работат на одредено време. И покрај најавата за нови 100.000 работни места, од Amazon најавуваат дека ќе имаат поголема потреба од работници во текот на зимските месеци.

Во март, компанијата најави вработување на 100.000 лица како одговор на зголемените онлајн нарачки поради ширење на коронавирусот.