Amazon со автоматизација ќе го намалува бројот на вработени

24

Фото: Pixabay

Технолошката компанија Amazon претстави машини што ја автоматизираат работата на илјадници вработени, пишува Reuters.

Amazon во последните неколку години постојано развива технологија со чија помош полесно се пакуваат и транспортираат производите.

Овие машини ќе бидат поставени во голем дел од магацините на компанијата, каде што работат повеќе од 2.000 вработени. Со тоа се очекува намалување на околу 1.300 работни места во 55 магацини во САД.

Од Amazon очекуваат да ги вратат трошоците за машините, еден милион долари по машина, за помалку од две години. Оваа американска компанија настојува да го намали бројот на вработени и да ја зголеми добивката, преку автоматизација на најчестата магацинска работа, а тоа е подигнување на товар.