АмЧам: Законски измени за заштита на потрошувачите и конкуренцијата

23

amcham-580x419

Неопходни се измени на законската регулатива за заштита на потрошувачите и конкуренцијата за да се подобри состојбата во овие области, беше заклучено на тркалезна маса што ја организираше Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам), пишува Миа.

На трибината посветена на заштитата на потрошувачите, беше посочено дека само директното вклучување на бизнис заедницата при изготвувањето на законските решенија ќе доведе до поквалитетни решенија коишто вистински ќе одговорат на предизвиците со коишто се соочуваат потрошувачите и компаниите.

“Постои голем јаз меѓу практиките на меѓународно конкурентните компании и локалната законска рамка. Поради тоа, овие компании треба да бидат вклучени во подигнувањето на стандардите и додефинирање на правните обврски при заштитата на потрошувачите и конкуренцијата“, рече Мишел Османли, извршен директор на АмЧам Македонија.

На тркалезната маса учесниците се осврнаа и на законските обврски на компаниите во однос на потрошувачите, но и во однос на останатите компании, предизвиците со коишто се соочуваат при постапувањето по жалбите на потрошувачите во зависност од услугите или производите кои ги нудат, но и трендовите во ЕУ и регионот при заштитата на потрошувачите и конкуренцијата.